Македонија
21. July 2016 - 14:04

Зоолошката во Штип доби две срнички

Зоолошката градина во Штип доби две срнички, едната е најдена во шума во Пијанечкиот регион, а втората се родила во ЗОО градината.

Според директорот на ЈП „Исар“ - Штип Ангел Бојаџиев, вработените и посетителите се грижат за малата срничка која е најдена во шума.

- Срничките се вистинска атракција. Најдената ја прихрануваме и е во добра здравствена состојба, а за срничката што се роди пред две недели направивме ново живеалиште во кое е заедно со мајката, рече Бојаџиев и најави дека во наредниот период ќе се набават и нови животни во Зоолошката.

- Условите за живот на животните се добри. Се грижиме за нив, сите вработени се ангажирани максимално, истакна Бојаџиев.

Влезот на Зоолошката градина во Штип е се уште слободен, а посетителите можат да донираат средства за храна на животните.