Зоран извадил жилет од брич: "Подобро да се убијам отколку Јана да мисли дека нејзиниот татко е монструм"
Таткото на Зоран Марјановиќ уште пред две недели изјавил дека стравува за животот на својот син Зоран Марјановиќ, кој се наоѓа во притвор поради тоа што се сомничи за убиство на неговата сопруга Јелена Марјановиќ. Всушност тој изјавил како се плаши дека неговиот син би можел да изврши самоубиство.
Како што пишува Стар на командирите им било сомнително што Зоран во кантина често купувал бричови, па се решиле да ја претресат неговата ќелија.
- Зоран неколку дена се однесуваше чудно и веднаш на чуварите им стана сомнителен. Често купуваше бричови, па луѓето кои работат во кантина веднаш пријавиле на надлежните. По два дена човекот кој ја чисти ќелијата во корпата пронашол бричови без жилети, па се посомневал дека токму Зоран ги извадил. Кога командирите го прашале Марјановиќ што планирал, почанл да вика на нив "подобро да се убијам отколку да ме осудат, не сакам мојата Јана да мисли дека нејзниот татко е монструм" - пишува Стар.
Марјановиќ потоа е однесен во затворската болница на преглед, а во кантината е наредено веќе да не му се продаваат бричови, во иднина ќе се бричи само во присуство на дежурниот командир.
Ќелијата исто така е проверена и отстранети се сите предмети со кои Зоран би можел да се повреди. Цимерот на Зоран пак изјавил како не приметил во ниеден момент дека тој би можел да се повреди.
Инаку Зоран покрај адвокатот, неколку пати го посетиле неговиот татко и брат, но не им е дозволено ништо да му дадат бидејќи се има во затворската кантина.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за правно лице од Општина Босилово за даночно затајување
-
Земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтер го погоди Мјанмар
-
МЖСПП: 200 илјади евра казна за БУЛМАК поради истекување технолошка вода
-
Европското јавно обвинителство покрена истрага против обвинителката Георгиева
-
Наглите температурни разлики негативно влијаат врз здравјето на луѓето
-
597 сообраќајни прекршоци вчера на патиштата низ државата, 200 за непрописно паркирање
-
Викендов почнува летното сметање на времето
-
Орбан: Брисел се подготвува за војна