Живот
19. November 2015 - 15:37

Зорица: Убава жена како мене, Ѓорѓе може само да сонува!

Веќе на сите ни е познато дека Ѓорѓе и Зорица не се „мирисаат“, а после повеќето работи кои и самата му ги кажа во лице, Зорица се му објасни и на Големиот брат.
 
Во исповедалницата, Зорица не ги криеше солзите откако Ѓорѓе додека се расправаа и рече дека е грда и дека смрди.
 
- Не плачам поради него. Само ми е полесно кого ќе се ослободам од солзите, - рече таа.
 
Свесна за своите килограми Зорица изјави „подобро да љуља отколку да жуља“, а исто така рече дека не е таа личноста што смрди туку Ѓорѓе кој постојано прдел и дека тоа кажува се за него. Зорица исто така додаде дека навредите од Ѓорѓе не допираат до неа бидејќи и самата знае дека е убава жена, иако не секогаш е убаво облечена и нашминкана.
 
- Жена како што сум јас, физички изглед и на мои години, Ѓорѓе може само да сонува, - завршила Зорица.