Зошто интервалот помеѓу првата и втората доза на вакцината на „АстраЗенека“ е три месеци?

Во споредба со другите вакцини против коронавирус, интервалот меѓу две дози на вакцината на „АстраЗенека“ е значително подолг. Причината за тоа е подобрата ефикасност.
Ново истражување објавено во весникот „Лансет“ покажува дека одложувањето на втората доза на вакцината на „АстраЗенека“ подобро делува долгорочно.
Првата доза на вакцината на „АстраЗенека“ заштитува до 76% во период од три месеци. Истражувањето покажало дека со примањето на втората доза после 22 дена заштитата опаднала за 55 отсто.
Од друга страна, оние кои ја примиле втората доза три месеци по првата имале заштита од 81%.
Колку е поголем интервалот меѓу двете дози, толку повеќе штити вакцината.
Интервалот помеѓу двете дози кај вакцините од другите производители е различен од три недели до 30 дена.
Ново на Сител
-

Две барања за оставки по одлуката за „Мазут“
-

Скопје-Софија: Муцунски ја поканил Петрова Чамова на средба
-

Власта со повик до опозицијата да ја поддржи реформската агенда
-

Повторно е отворена народната канцеларија на претседателот во центарот на Скопје
-

Нашата земја нуди квалитетни горива
-

Трет состанок на националниот консултативен механизам за реформската агенда
-

Повик за правда, во сабота Виница ќе маршира за жртвите во дискотеката „Пулс“
-

Преглед на вестите од светот
