Зошто некои луѓе зборуваат во сон

Луѓето кои зборуваат во сон претежно пцујат и се караат со некого, покажуваат податоците од една нова француска студија, која можеби е и најголема што досега е направена на оваа тема.
Зборувањето во сон е едно од нарушувањата на спиењето во кои спаѓаат и месечарството и ноќните кошмари.
- Според моето искуство, зборувањето во сон може да се поврзе со претерана стимулација на нервниот систем, што може да биде последица на претерана употреба на „паметни уреди“ пред спиење, како и претерано внесување кофеин, вели Нерина Рамлакан, доктор терапевт за сон од Велика Британија.
Меѓутоа, таа додава дека таквото однесување се јавува кај луѓе кои се перфекционисти, но често избегнуваат да кажат што мислат. Кога одат на спиење, зборовите ги потиснуваат во сонот.
Идејата да можете да откриете некои тајни за време на сонот звучи примамливо. Постои и апликација која забележува нечие зборување во сон. Се поставува прашањето дали некој може да признае убиство во сон или да каже дали има љубовник?
Професорот Џим Хорн, поранешен директор на Центарот за истражување на спиењето од Универзитетот Лубору, појаснува дека зборувањето во сон се јавува за време на „лесен“ сон.
- Од лесен сон тонете во длабок по 70-90 минути во период на сонување, кој се повторува на секои 90 минути. Зборувањето во сон не е поврзано со сонувањето, туку со лесниот сон во кој сите шетаат и талкаат. Тоа навистина го вознемирува збунетиот ум, вели Хорн.
Зборувањето во сон често се јавува кај децата, а голем број луѓе го надминуваат, иако има наследен фактор.
Хорн тврди дека зборувањето во сон можат да го поттикнат и анксиозноста и стресот.
- Тие кои зборуваат во сон често рефлектираат некој аспект на грижа. Мислам дека зборовите на некој што зборува во сон не треба сериозно да се сфатат, вели Хорн.
Сепак, зборувањето во сон кажува една важна работа. - Некој кој тоа често го прави најверојатно е анксиозен и можеби е добро да се потруди да открие што е тоа што го мачи, истакнува Хорн.
Ново на Сител
-

Комисија за заразни болести - по црвените инфекции може да се појави и жолтица во Гостивар
-

АХВ ја укина забраната, водата во Валандово е повторно безбедна за пиење
-

Пет години за спас на Охридскиот регион - УНЕСКО го одложи впишувањето на листата во опасност
-

Рокас: Се водат разговори зад затворени врати, но Македонија мора да го промени Уставот
-

Велковски уверува: Парите во вториот пензиски фонд се гарантирани и со Закон и со Устав
-

Мицкоски ја заокружи реконструкцијата - Зејнула избран за нов министер без ресор
-

Војската да ја чува критичната инфраструктура
-

Поранешниот претседател на ФФМ, Сејдини излезе од притвор
