Џет-Сет
24. јуни 2016 - 11:44

Зошто се крие? - Водителката Марија исчезна по свадбата

Иако наголемо се пишуваше за нејзината свадба, Марија Килибарда не сака да покаже ниедна фотка од неа, ниту да сподели нешто со медиумите. Водителката на ТЛЗП не се огласи ни по тврдењата дека нејзиниот избраник, поранешниот кошаркар Владимир Радмановиќ, претходно избегал од олтарот.
 
На 19 јуни се одржала свадбената церемонија, за која се зборува дека била луксузна. По црквата, Марија и избраникот направиле приватна забава во неговата вила.
 
Сега се дозна дека и порано тој требало да се жени, но се откажал во последен момент. Тогаш негова избраничка била Јелена Кривокапиќ, која ја оставил пред матично. Со неа ја доби и ќерката Петра.
 
- Тој е тежок човек. Толку се трудеше се да оди во ред и да му удоволи, а тој во последен момент ја стопираше свадбата, велат соседите и додаваат дека девојката многу пропатила поради него.
 
Инаку, за свадбата на Марија се зборуваше дека таа била толку дрска што во вилата не ги пуштила ни трубачите, ниту му отворила врата на поштарот, ниту на соседите.
 
На нејзиниот Инстаграм нема ниедна фотка од свадбата...