Македонија
19. March 2026 - 21:53

Зошто власта го одби предлог-законот за ГПС алки за насилниците?

Предлог-законот за воведување ГПС уреди за насилниците нема да има финансиски импликации бидејќи, такви уреди фаќаат прашина во депоата на Управата за извршување санкции. Откако власта го одби предлогот, пратеничката Моника Зајкова во Тема на денот појасни што предвидува ова законско решение.

Зајкова вели дека не се прави ништо за зауздување на семејното насилство, но по секоја трагедија се прават конференции и настани за да се прикаже дека нешто се работи.

Владејачкото мнозинство, пак, вели, по ова прашање потребна е широка јавна дебата, но вакво законско решение ќе направи проблем во пракса.

Во само два месеци здруженијата за заштита на жените од насилство регистрираа четири убиства во државата како резултат на родово базирано и семејно насилство. Дебата во јавноста се заостри пред последната трагедија во скопски Карпош кога 32-годишната Ивана си го одзеде својот, но и животот на својата шестгодишна ќерка скокајќи од шестиот кат. Тоа беше причина овогодинешниот осмомартовски марш да биде посветен речиси исклучиво на проблемот со семејното насилство, кое според бројките од официјалните институции е во континуиран пораст.