Зверев се повреди, може да го пропушти Австралија Опен

Светскиот рекет број 4, Александар Зверев може да го пропушти Австралија Опен. Германецот се повлече од егзибицискиот турнир „Вортлд Тенис Челинџ“ во Аделаида поради повреда во феморалната тетива зад коленото.
Зверев изјави дека се повредил за време на тренинг-сесија. 21-годишниот тенисер не сподели детали колку сериозна е повредата, но истакна дека ќе се обиде да се опорави за првиот Гренд-слем турнир за годината.
– Ни беше соопштено дека Александар Зверев ќе го пропушти настанот. Знаеме дека тој многу сакаше да учествува, но му најдовме заменик во лицето на Фернандо Вердаско, изјави генералниот менаџер на дводневниот турнир, Дејвид Херн.
Зверев моментално е четврти меѓу фаворитите на обложувалниците за освојување на трофејот во Мелбурн. Тој ја заврши силно минатата сезона, освојувајќи го финалниот АТП турнир во Лондон, запишувајќи победи над Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ.
Во текот на викендот тој играше во финалето на „Хопман купот“ во Перт, но заедно со Анжелик Кербер беа поразени од Швајцарија во дуелот за трофејот.
Ново на Сител
-

Ненад Савески ја превзема функцијата државен јавен обвинител, вети сериозна борба со криминалот
-

Нови сведоштва за пожарот во кочанската дискотека
-

Зошто власта го одбива предлогот насилниците да се следат со електронски алки
-

Законот за заштита од пушење во вторник на владина сединица
-

Од Босилово стартува кампањата „Гласот што го слушаме - македонско најдобро“
-

100 пати подадена рака, хуманост на дело
-

Екологистите алармираат дека години наназад на потегот од Струга до Калишта се пустоши трската
-

Преглед на вестите од светот
