-->
-->
Зверев закажа полуфинале со Циципас
-->
Александер Зверев се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос првпат во неговата кариера, откако во фантастичен меч со 6:4/6:1/6:1 го совлада младиот Шпанец Алехандро Давидович Фокина.
Ова е само третпат Германецот да влезе во полуфинале на еден гренд слем, откако лани загуби од Доминик Тим прво во полуфиналето на Австралија опен, а потоа и во финалето на САД опен. Следен негов противник ќе биде грчкиот тенисер Циципас кој убедливо во три сета го елиминира Русинот Медведев.
По двата маратонски меча во претходните две кола, Давидович Фокина едноставно немаше сила за отпор освен во првиот сет, а беше очигледна и неговата фрустрација со слабата игра откако неколку пати го кршеше својот рекет.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кривична за внуците на Ахмети
-
На отпуст од 30 дена денеска пуштени 5 осуденици за „27 април“ од штипскиот затвор
-
Предизвикал пожар додека го стартувал тракторот, зафатена и „алфа ромео“
-
Починат Хрват пронајден во скопски хотел
-
Маж пронајден починат на клупа во Аеродром
-
Владата ги објави платите на премиерот Мицкоски и министрите
-
Советот на ЕУ ги продолжи економските санкции против Русија
-
Протестираа вработените во кумановската градинка поради неисплатена јунска плата