Звучи неверојатно но сосема е изводливо, симнете 10 сантиметри од половината за само 4 дена!
Звучи неверојатно, но сосема е изводливо доколку малку се помачите и се одречете од секакви благи работи, грицки, мрсна и калорична храна во текот на четири дена и се задржите на здрави намирници.
Топлото време и поплавата од понуди на туристичките агенции асоцираат на годишен одмор, а тоа неминовно асоцира на вашето појавување на некоја плажа во бикини и шорц. И веќе размислувате која диета да ја спроведете за да изгледате што поубаво ...
Добрата вест овој пат е дека нема да морате многу да се потите во теретана или да гладувате. Решението доаѓа од нутриционистката Синтија Сас која направила рецепт за диетален пијалак со помош на кој можете да го намалите обемот на половината за дури 10 сантиметри, што е пропорционално на губење на околу 3 килограми, и тоа за само 4 дена!
За подготовката на овој волшебен пијалак ќе ви биде потребно: 2 литра вода, 1 краставица, 1 лимон, лажичка ѓумбир во прав и 12 листови нане.
Измијте го убаво лимонот и заедно со кората исечете го на тенки кругови и ставете го во соодветен сад со 2 литри вода. Исто така измијте ја и краставицата, исечете ја на кругови и додадете ја во водата, а потоа додадете ги и листовите мента и ѓумбир. Измешајте ги убаво состојките, поклопете и оставете во фрижидер во текот на ноќта.
Наутро кога ќе станете напијте се од пијалакот и испијте ја целата количина во текот на денот. Вечерта подготвувате нова доза за следниот ден. Треба да го пиете пијалакот барем 4 дена и да не пиете никакви други течности за да ги постигнете предвидените резултати.
Пијалакот толку многу ќе ви се допадне што ќе продолжите и понатаму да си го пиете ...
Ново на Сител
-

Успешен ден за македонските кикбоксери: Три обезбедени бронзи и победа на Глигорова
-

ЈО: Истрага за нападот на Огненовиќ
-

Повеќе случаи на партнерско насилство низ земјава, приведени неколку лица
-

На Инфективната клиника има 12 пациенти со западнонилска треска од кои три се на интензивна нега
-

Мајка од Скопје пријавила профил на кој биле објавувани недолични содржини од нејзината ќерка
-

Кривична пријава за 15-годишник кој ја нападнал својата баба
-

Во кругот на фабриката Железара избувнал пожар - нема повредени
-

Две малолетнички тешко повредени откако паднале од електричен тротинет
