Живот
19. July 2024 - 12:10

13. издание на „Струмица Опен Фестивал“

„Културни бранови на радост“ ова е мотото под кое ќе се одржи 13 то издание на Струмица Опен фестивалот. Годинава програмата започнува на 22 јули и ќе трае до 20 август. Настаните ќе се одржуваат на отворено, на неколку различни локации во градот. Програмата е поделена во два дела и предвидува 15 настани од областа на музиката, театарот, поезијата, фолклорот, натпревари во тимски игри

И годинава исто како и лани во сите содржини од програмата на ,,Струмица опен фестивал,, ќе настапат исклучиво македонски изведувачи. 

Генерален покровител на манифестацијата ќе биде општина Струмица која со одлука на советот за реализацијата на сите настани  одвои буџет од близу 3 милиони денари.