Живот
22. July 2024 - 19:44

Богата програма на Пиво фест во Прилеп

Ван Гог, Суперхикс, Сања Вучиќ, Амадеус бенд, Наум Петрески се само дел од 20-тината музички ѕвезди кои годинава ќе ја забавуваат публиката од 9 до 11 август на Prilep beer weekend или познат како Фестивал на пивото. На Фестивалот ќе настапел и светски позната DJ чие име организатортите, Event group, не го откриваат. Општината Фетсивалот го поддржува со 1 милион денари, а ќе се барале и спонзори.

„Сакам да напоменам дека многу внимававме да на Фестивалот има учесници кои ќе привлечат широка публика и од аспект на возраст и од аспкет на вкусови на музика. Се надевам дека ќе успееме да ги задоволиме сите вкусови“, рече Дарко Крстески, „Event group“.

Од Општина Прилеп велат дека се целосно подготвени за Фестивалот на пивото кој освен промоција на градот исто така носи и голем економски бенефит за прилепската чаршија.

„Секогаш Фестивалот го дава својот придонес за Прилеп да да биде убаво место кое привлекува голем број посетители кои имаат добар економски импакт за градот“, истакна Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

На 24 јули ќе биде објавена целосната програма на Фестивалот со сите имиња на учесниците.