Албанија: Закани со смрт до претседателот на ЦИК, го обезбедува Националната гарда
Припадници на Националната гарда на Албанија од денеска се грижат за безбедноста на претседателот на Централна изборна комисија, ЦИК, Климент Згури и членовите на неговото семејство, јави тиранската телевизија Ора њуз.
Ваквата одлука е донесена по смртните закани што беа упатени по неговиот и животот на членовите на неговото семејство, во врска со локалните избори спроведени на 30 јуни.
-Заканите му биле упатени по состанокот на ЦИК, каде што имаше жолчна расправа и неусогласени ставови за барањето за повторно пребројување на гласачките ливчиња од изборите на 30 јуни, побарани од дел на партиите што учествуваа на изборите. Згури е против повеќето одлуки донесени од страна на мнозинството членови на ЦИК, заедно со потпретседателот Денар Биба, неведува телевизијата.
Згури меѓу другото беше и против отфрлањето на уредбата на претседателот на државата Илир Мета за одложување на локалните избори, тврдејќи дека истата е во согласност со изборниот законик и уставните надлежности на шефот на државата.
Со идентичен став беше и претходниот претседател на ЦИК и еден од најпознатите експерти од оваа област,Кристаќ Куме.
Ново на Сител
-
Течат роковите за приговори
-
Почнуваат преговорите, три до четири министерства за ВРЕДИ во новата Влада
-
Грција во исчекување на позициите на ВМРО-ДПМНЕ за Преспанскиот договор
-
ДУИ чека преговори за Влада - Џафери одбива да говори за опозиција
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот Беласица: 37 годишникот е веќе во затвор
-
Мерка на претпазливост, редовно јавување во суд за обвинетите за распределба на спортски ваучери
-
Џунглата во дворот на Владата ги скара Џафери и Арсовска
-
Не запира одливот на медицински сестри од јавното здравство