Анкета: Александар Вучиќ е најсериозниот кандидат за претседател на Србија
Сегашниот српски премиер Александар Вучиќ е водечки кандидат на претседателските избори во Србија, со тоа што ужива поддршка на 54,3 отсто од избирачите, велат анкетите.
Изборите за претседател на Србија ќе се одржат в недела, 2 април, а две седмици подоцна, на 16 април ќе има и втор круг, доколку во првиот ниеден кандидат не освои над 50 отсто од гласовите.
Како што пренесува ТАСС, според резултатите на агенцијата Ипсос објавени неколку часови пред предизборниот молк, на второ место е Саша Јанковиќ - кандидат на граѓанската иницијатива „Србија без страв", со 12,8 отсто доверба. На трето место, со 9,5 проценти, следи Лука Максимовиќ, попознат под псевдонимот Љубиша Прелетачевиќ - Бели. На четврто место е Вук Јеремиќ со 6,8 отсто поддршка.
Во Србија се регистрирани околу 6.800.000 граѓани со право на глас. Според испитувањата на јавното мислење, 58,3 проценти од нив имаат намера да гласаат.
Освен граѓаните на земјата, ќе гласа и српската дијаспора од 32 држави во цел свет.
Ново на Сител
-
Течат роковите за приговори
-
Почнуваат преговорите, три до четири министерства за ВРЕДИ во новата Влада
-
Грција во исчекување на позициите на ВМРО-ДПМНЕ за Преспанскиот договор
-
ДУИ чека преговори за Влада - Џафери одбива да говори за опозиција
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот Беласица: 37 годишникот е веќе во затвор
-
Мерка на претпазливост, редовно јавување во суд за обвинетите за распределба на спортски ваучери
-
Џунглата во дворот на Владата ги скара Џафери и Арсовска
-
Не запира одливот на медицински сестри од јавното здравство