Македонија
12. December 2025 - 12:16

Апсење во Прилеп: Сомненија за проневера во прилепската болница

Финансиската полиција утрово привела едно лице кое го сомничи за финансиски проневери во Општата болница во Прилеп. 

Според информациите, лицето се сомничи за финансиски малверзации тешки 15 милиони денари. 

Од Финансиската полиција во писмено соопштение информираат дека осомничениот кој работел како благајник во болницата во повеќе наврати дел од наплатените и примени парични средства од шалтерите на болницата, наплатени од пациентите по основ на партиципација и приватни здравствени услуги, не ги уплатил на банкарската сметка на болницата и истите противправно ги присвоил за себе, со што инкасирал над 15 милиони денари во период од 2 години. 

По насоки на Основно јавно обвинителство Прилеп во текот на утринските часови од страна на службени лица на Управата за финансиска полиција пријавеното лице е лишено од слобода и истото е изведено пред судија на претходна постапка при Основен суд Прилеп.