Берлин го менува законодавството заради полесно добивање германско државјанство
– Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фасер денеска претстави делови од нацрт-закон со кој треба да се олесни добивање германско државјанство, па така наместо со осум ќе може да се побара по пет односно три години легален престој.
– Наместо сегашните осум години, државјанство ќе може да се добие по пет годиони легален престој, а во случај на многу успешна интеграција и по три години, изјави таа пред германските новинари. Под многу успешна интеграција таа подразбира брзо учење германски јазик и добро вклопување во работниот или образовниот систем на државата.
„Нацрт законот е подготвен и испратен во надлежните миистерства за проверки“, соопшти денеска МВР на Германија. Деталите од законот веќе се договорени меѓу партиите од владејачката коалиција.
Според нацрт-законот, деца родени во Германија автоматски добиваат државјанство ако еден од родителите најмалку пет години легално престојува во Германија.
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг