Би-Би-Си : Франсоа Оланд сака Британија да плати за заминувњето од ЕУ
Францускиот претседател Франсоа Оланд кој денеска се среќава со новиот британски премиер Тереза Меј, настојува Велика Британија да плати за одлуката да замине од ЕУ, јавува Би-Би-Си, пред попладневната средба и разговорите на двајцата лидери во Елисејската Палата во Париз.
Ваквата намера на Оланд делумно е определена од внатрешно-политичките потреби, за да се неутрализира и да се поткопа поддршката што ја има Марин Ле Пен, која настојува да се организира референдум во Франција, како оној во Британија.
По изгласувањето на Брегзит, официјален Париз отворено почнал да лобира- британските банки и финанскиски компании да се преселат од лондонскиот финансиски центар Сити, во еврозоната, пред се, во Париз, или во Франкфурт, каде е и седиштето на европската Централна банка.
Според Би-Би-Си, Франција одамна работи на тоа да се ослабнат позициите на Сити, како глобален финански центар.
По заминувањето на Британците од ЕУ, Париз сепак не сака целосно прекинување на односите со Лондон, туку би сакал да се интензивира соработката во одбраната, за која се верува дека е во интерес и на двете соседни земји, како и во секторот на имиграцијата, во делот околу мигрантите од неевропските земји.
Засега не се знае каква ќе биде судбината на спогдбата од Ла Туке, од 2003 година, меѓу францускиот ретседател Жак Ширак и британскиот премиер Тони Блер, од кога е договорено Кале на Ламанш „да го чува британскиот грб„ од напливот на илегални мигранти и бегалци од Африка и Блискиот Исток.
Министри во владата во Париз веќе најавија дека договрот ќе мора да се преразгледа и да се менува, но се верува дека Франција не би сакала да се однесува „тврдо„ кон Британија, во обидот да се одвратат гласачите во другите земји, за да не се однесуваат како Британците.
Франција и претседателот Оланд, за Би-Би-Си се „потврди соговорници„ од Германија и канцеларот Ангела Меркел и тоа премиерот Меј веројатно ќе го открие во текот на вечерашните разговори со својот домаќин.
Во Лондон се верува дека Франција е и многу поцврсто определена за силни европски интеграциски процеси, во споредба со Германија, па од Париз не би требало да се очекува разбирање за британското несогасување со слободното движење на луге и работна сила во рамките на Унијата.
Официјален Париз уште од пред референдумот од 23 јуни, порача дека Британија не може да се надева на пристап до европскиот заеднички пазар без да ги прифати сите правила на ЕУ, за што се верува дека Французите ќе ја имаат подршката и од Германија и Меркел.
Франсоа Оланд, но и неговите претходници цврсто веруваат дека суштината на европското интегрирање не е само во трговијата и слободниот пристап на заедничкиот пазар, а тоа, според Би-Би-Си е сосема различно од позициите на британските конзервативци и евроскептици кои се противат на европското обединување, на Унијата и на заедничката валута.
Ново на Сител
-
Тешко повреден скопјанец - Избоден со нож поради недоразбирање во сообраќајот
-
Албанската полиција на граничните премини годинава запленила непријавени над 2,3 милиони евра
-
Зеленски: Под администрацијата на Трамп, војната во Украина ќе заврши побрзо
-
Семејна драма во Аеродром – Со нож ѝ се заканувал на сопругата
-
Лица од Бангладеш дошле да работат во Скопје, па му избегале на директорот
-
Пронајдено мртво тело во Центар
-
Гостивар: Маж со секира се обидел да си ја нападне сопругата
-
Мицкоски: Важно е состанокот со банките за унгарскиот заем да заврши успешно