Преглед на вестите од светот
Хрватската полиција го уапси министерот за здравство Вили Берош во неговиот дом во Загреб рано утрово. Акција е по наредба на специјалното обвинителството на Хрватска за органзиран криминал и канцеларијата на европското јавното обвинителство во Загреб.
Барош се сомничи дека во замена за митото што го добил издал одобренија за набавка на медицински роботски апарати во три болници. Апаратите биле претплатени, а Берош според истрагата, земал мито по 25,000 евра по болница.
Уапсени се уште неколку лица, меѓу кои директори на болници и лекари, се огласи адвокатка на Вили Берош.
Премиерот Пленковик го разреши Берош од министерската функција, одби да коментира детали за случајот, но истакна ако се докаже дека обвинувањата се точни, тоа е чин на предавството.
- Ако се докаже дека обвинувањата се точни, ова го доживувам како чин на предавство на личната доверба што ја имав во него овие пет години, откако му ја укажав честа да биде министер како претседател на владата, лично сум згрозен од идејата дека некој во здравствениот систем би ја користел својата положба за лично збогатување или за да му удоволува на некој друг
Ниту тој, ниту кој било друг, не доби мандат за злоупотреба на системот и извршување кривични дела.
Роберт Кенеди Џуниор, ќе го предводи Министерството за здравство во новата влада на Доналд Трамп. Роберт Кенеди, внук на убиениот претседател Џон Кенеди влезе во претседателската кампања како независен кандидат, но се повлече во август и му даде поддршка на Трамп.
70 годишниот Кенеди со години тврди дека вакцините предизвикуваат аутизам, смета дека антидепрeсивите се виновни за масакрите во училиштата а Ви-Фи предизвикува рак.
„Роберт Ф. Кенеди Џуниор, тој ќе помогне Америка повторно да биде здрава. Тој сака да направи некои работи и ние ќе му овозможиме да ги реализира, изјави Доналд Трамп, новоизбран претседател на САД.
Министерството за здравство ги надгледува Управата за храна и лекови, центрите за контрола и превенција на болести, Националниот институт за здравство и обемните програми кои обезбедуваат здравствено осигурување за сиромашни, постари од 65 години и инвалиди.
Десет лица загинаа а најмалку две се потешко повредени во пожар во раните утрински часови во приватен дом за стари лица во шпанскиот град Вилафранка де Ебро.
По неколку часа пожарот е изгаснат. Причината за пожарот се истражува.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар