Балкан
9. јуни 2024 - 16:40

Бугарија на 6ти по ред избори во последните три години

Бугарија гласа на предвремени парламентарни избори. Ова е шести обид во последните три години конечно Софија да добие стабилна политичка влада.

Очекувањата на аналитичарите се на гласање да излезат малку граѓани, што би одело во корист на ГЕРБ на Бојко Борисов. Граѓаните, пак, очекуваат промена и конечно политичарите да ги прескокнат разликите во името на подобра иднина за државата.

Веќе се прават калкулации кој би можел да ја предводи новата влада.

За опонентите на Борисов најважно е да партиите да имаат еднакви можности

Бугарските државјани во земјава гласаат во амбасадата во Скопје. На самиот влез изборната комисија ги пречекува Бугарите кои сакаат да го искористат правото на глас.

Но што Македонија ќе добие од новата Влада во Софија? Поранешниот амбасадор во Софија, Марјан Ѓорчев е оптимист. Вели дека светла точка е тоа што најверојатно Борисов ќе застане зад новото владино мнозинство и што Софија конечно ќе добие стабилна политичка влада. А тоа е добро за Македонија бидејќи неговата партија е дел од ЕПП, кадешто е членка и партијата која ќе ја формира новата Влада во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ.

По изборите во Бугарија за Скопје и Софија ќе претстои период во кој двете страни ќе мора да седнат на маса за да се утврдат идните чекори, со оглед на тоа што Македонија презеде обврска да го промени Уставот и да ги внесе Бугарите во него, а на власт доаѓа партија која има потврди ставови околу ова прашање за разлика од СДСМ. Ѓорчев вели дека е многу важно политичарите во Софија да ги разберат македонските црвени линии.

Бугарија е во константна политичка криза. Во последните 10 месеци на власт беа ГЕРБ на Борисов заедно со „Промените продолжуваат – Демократска Бугарија“, но коалицијата се распадна во март годинава.