Loading Video...
Балкан
18. јуни 2024 - 16:35

Втор ден конференција во Атина: Стартот на преговорите сега зависи од Македонија

Европската унија задоцни со проширувањето, но топката сега е кај Македонија и исполнувањето на обврските. Оваа поркаа ја испрати заменик претседателот на Европската комисија Шинас на вториот ден од конференцијата по повод 6-годишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор.

Од панел дискусијата директорката ИРИ Илина Мангова пак потсети дека предолгото чекање ја намалува поддршката за ЕУ во речиси сите земји од регионот.

Од конференцијата која ја организираат фондациите на поранешните премиери на Македонија и Грција вчервечера беа испратени пораки и до актуелните раководства на двете земји.

Заев и Ципрас ги повикаа Мицкоски и Мицотакис да ја превземат одговорноста за целосно спроведување и почитување на преспанскиот договор.

Со завршни пораки токму Заев и Ципрас вечерва ќе ја затворат дводневната меѓународна конференција на која награда за мир му беше доделена и на долгогодишниот медијатор за решавање на спорот помеѓу двете држави Метју Нимиц