Дејан со години ги чекал децата - ги добил со инвитро па ги избоде со нож
Бебето од Штрпац, кое пред два дена неговиот татко го избоде со нож, успешно заздарвува на Детската клиника во Ниш. Другото бебе денеска е погребано. Мајката на близнаците е во многу лоша состојба под лекови.
- Бебето е стабилно. Тоа е оперирано, но за среќа немаше повреди на виталните внатрешни органи – изјавиле од болницата во Ниш.
Братчето на повредното близначе кое почина од убодите на нож на својот татко, денеска е погребано. Мајката Ана, не присуствувала на погребот, бидејќи се наоѓа во болница со другото бебе, кое го спасила од смрт кога Дејан со нож ги нападнал бебињата.
Според информациите, мајката на децата е во шок и под постојан лекарски надзор
Драган Кузмановиќ, таткото на Ана, рекол дека штотуку родениот внук е погребан во присуство на најблиското семејство. Тој додал дека Дејан пател од депресија и посетувал психијатар. Тој живеел во страв дека некој ќе му ги украде бебињата, кои ги добиле по неколку години брак со помош на вонтелесно оплодување.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа