Македонија
16. March 2025 - 17:57

Деканот на Градежен факултет: Правила и регулативи постојат, совеста кај одговорните лица треба да е на високо ниво за да се избегнат трагедии

Од последните информации од истрагата, но и од изјавата на директорот на ДЗС, станува се појасно дека била направена злоупотреба на голем број законски прописи и регулативи.

Свое мислење за тоа за каков објект станува збор, какви се просториите во кои што функционирала дискотеката во Кочани и какви стандари треба да исполнуваат вакви објекти во кои што се одржуваат масовни настани даде деканот на Градежниот факултет во Скопје, проф. Горан Марковски.