Македонија
2. March 2025 - 16:39

Фатени 15 рибокрадци само во месец јануари

Рибокрадците не мируваат го пустошат Охридското езеро. 15 лица кои вршеле незаконски риболов  се фатени само во месец јануари оваа година кај кои се пронајдени вкупно 116 рибарски мрежи и 293 парчиња различна риба.Против сторителите на овие кривични дела  поднесени се  соодветни пријави. 

Пронајдената риба која потекнува од кривично дело која давала знаци на живот се враќала во езерото.

Министерот за земјоделие Трипуновски неодамна најави поголема контрола врз езерото се со цел да с е спречи масовното рибокрадство .

Охридското езеро сега е  поделено на седум риболовни зони и тоа: Радожда, Калишта, Струга, Охрид, Воска, Пештани и Трпејца. Покрај за стопански, државата го издава езерото и за рекреативен риболов на 12 години.