Македонија
7. May 2026 - 16:34

Идниот месец реконструкција на кабинетот на премиерот Мицкоски

Вицепремиерот Арбен Фетаи и министерот за социјала Фатмир Лимани веројатно веќе ги имаат спакувано своите канцеларии бидејќи за нив, извесно е дека нема да има место во Владата по реконструкцијата која премиерот ја најавува за идниот месец.

Фетаи веќе се одјавил кај Мицкоски а Лимани самиот кажа дека тој и ВРЕДИ се завршена приказна.

По губењето на еден пратеник, нова распределба на ресори може да очекуваат и во ЗНАМ. Премиерот денеска не сакаше да ја коментира поделбата на власта но потврди дека за влез во реконструираниот кабинет ќе се водат нови преговори а постои можност да се приклучи и нова парија од опозицијата.

Откако вчера и официјално премиерот ја затвори темата, во СДСМ денеска веќе не зборуваат за брзи предвремен избори. Според нив, сега власта е во паника

Чие време истекло ќе знаеме по следните избори кои ќе бидат последните кои ќе ги организира пржинска влада. Нејзиното укинување беше причината поради која СДСМ се повлече од работните групи за изборниот законик а во Левица сметаат дека тоа е координиран чекор.

Темата една изборна единица е стара тема која малите политички партии ја враќаат пресрет на секој изборен процес. Во македонскиот блок има декларативна поддршка а партиите од албанскиот редовно се против.