Македонија
7. May 2026 - 16:34

Собранието го донесе Законот за Советот на јавни обвинители, СДСМ гласаа против

Со законското решение кое има добиено позитивно мислење од Венецијанската комисија според заминик министерот за правда се гарантира избор на најквалитетните кандидати за членови на Советот, се зајакнува транспарентноста и дисциплинската одговорност на обвинителите. Во иднина, Советот на јавни обвинители ќе може да иницира и разрешување на државниот јавен обвинител пред собранието.

Пратениците на СДСМ не го поддржаа законот. Според нив, законот воопшто не е реформски, а мнозинството не ги прифатило нивните суштински забелешки за подобрување на законскиот текст.

Законот за Советот на јавни обвинители е втор закон од реформската агенда за зајакнување на владеењето на правото кој добива поддршка од Собранието.

На крајот на минатата година беше донесен новиот Закон за судски совет, додека Законот за јавно обвинителство, како трет реформски закон, се очекува да биде донесен на некоја од следните собраниски седници откако ги помина сите собрански процедури, а беше предмет и на јавна расправа.