Имиграцијата е 12 отсто од вкупното словенечко население
На почетокот на 2018 година, во Словенија живееле 250.000 имигранти, што претставува 12 отсто од вкупното население, со што земјата се најде на 16-то место во ЕУ според бројот на странци, покажуваат најновите податоци на словенечкиот Завод за статистика.
На тој список прв е Луксембург, со 46,5 проценти имиграцијата, а последна е Полска, каде само 1,8 проценти се имигранти, пренесува СТА.
Податоците од Заводот за статистика покажуваат дека Словенија е доста дарежлива во доделувањето државјанства на имигрантите и се смета дека е една од четирите земји на ЕУ со најголем удел на имигранти кои имаат државјанство, покрај Хрватска, Шведска и Холандија. Овој удел во Словенија е 55 проценти, од кои 94 проценти биле мигранти кои се преселиле во земјата додека таа сè уште била дел од Југославија, пред јуни 1991 година. Од натурализираните Словенци, 70 отсто се од поранешна Југославија, при што најголем број се од БиХ – дури 43 отсто и поголем број од Косово.
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце