Loading Video...
Свет
2. October 2024 - 17:06

Иран го нападна Израел

Од некогашни сојузници до непријатели- децениските тензии меѓу Иран и Израел пукнаа уште еднаш откако синоќа Иран реши врз Израел да истерела околу 200 ракети. Нападите се должат откако Израел го ликвидираше лидерот на Хезболах и започна копнена инвазија и со денови го бомбардира Либан.

Сирени за евакуација синоќа ечеа низ Израел, а жителите во паника бараа засолништа за време на ракетните напади. Оштетени се објекти, а за жртви нема информации.

По големиот напад врз Израел синоќа, денеска за прв пат се огласи иранскиот лидер. За немирите на Блискиот Исток смета дека е виновна Америка и европските држави. Ако Израел се повлече, вели во регионот ќе има мир.

Денеска пак во Техеран, владее позитивна атмосфера меѓу жителите. Насловните страни на весниците се исполнети со натписи “Време за одмазда” и фотографии од иранскиот лидер. Дел од иранците сметаат дека Израел нема да се осмели да го нападе Иран.

По нападот врз Израел, низ улиците на Техеран со песна се славеше и се делеше благо меѓу иранците.

Но од Израел, соопштија дека нема да останат воздржани- израелскиот премиер Нетанјаху изјави дека Иран направил голема грешка и ќе плати за тоа.

И израелскиот амбасадор во Обединетите нации кажа дека ќе ја одбранат нивната држава и израелците, а одговорот за Иран ќе биде болен.

Шефот на Обединетите Нации, Антонио Гутераш пак денеска го прогласија за персона нон грата во Израел и му забранија влез во државата поради неговата како што велат, антиизраелска пристрасност.

Американскиот претседател Џо Бајден синоќа од Белата куќа рече дека во тек е активна дискусија за тоа како Израел ќе одговори на иранскиот балистички ракетен напад и дека последиците за Техеран остануваат да се видат. Но смета дека нападот на Иран бил неефикасен.

Прво, се разбира, Израел има право да се брани како секоја нација. Во однос на тоа каков ќе биде одговорот на Израел, секако, мора да има последици за Иран за овој напад. Јасно кажавме дека мора да има последици. Нема да навлегувам во тоа какви се тие последици денес. Но, има работи за кои ќе се координираме со нашите израелски колеги.

Кремљ пак повика на воздржаност од двете страни и ја осуди секоја акција во која гинат цивили.

Денеска израелската војска ги продожи копнените операции во јужен Либан, но соопштија дека се насочени само кон уништување на тунели и друга инфраструктура на границата и дека непаат планови за операција насочена кон Бејрут.

Пред рекетите, во среде Тел Авив имаше и терористички напад каде загинаа најмалку шест цивили, а десетина беа повредени. Терористите биле веднаш неутрализирани.

Но рекетните напади од Иран не успеа да го спречат запросувањето на израелецот на неговата партнерка. На шеталиштето во Ерусалим со поглед на целиот град и ирански ракети над небото се заколнаа на вечна љубов.