Јапонија ја продолжи вонредната состојба до крајот на мај
– Јапонската Влада денеска донесе одлука за продолжување на вонредната состојба надвор од Токио и Осака и да ја продолжи до 31 мај, во обид да се намали инфекцијата со Ковид-19 и да се олесни товарот на болниците.
Јапонскиот премиер Јошихиде Суга на состанокот на работната група ја официјализираше одлуката за продолжување на ограничувањата за работа на рестораните и другите услуги и за воведување вонредна состојба во префектурите Аичи и Фукуока.
Од 25 април на сила е трета вонредна состојба во Токио, кој ќе биде домаќин на Летните олимписки игри за помалку од три месеци, како и во префектурите Осака, Кјото и Хјого.
На рестораните и баровите, сепак, ќе им биде забрането да служат алкохол и мора да бидат затворени до 20 часот.
За непочитување на забраната се казнува со парична казна од 300.000 јени (2.750 американски долари).
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце