Македонија
24. February 2026 - 16:26

Ќе се воведува дуалниот концепт и во високото образование

Ќе се воведува дуалниот концепт  и во високото образование. Ресорнатата министерка најави дека со новиот Закон за прв пат е предвидено  да има втор и трет циклус стручни студии, но и кратки програми за специјализација во одредени професии, кои ќе траат по година и пол. Главно ќе бидат опфатени техничките струки.

Поучени од одличните резултати што ги даваат дуалното образование и учењето преку работа, но и на барање на одредени факултети, се одлучивме на ова што постои во ЕУ, а кај нас го немало. Академската заедница е подготвена да воведе студиски програми кои ќе бидат продолжение на средното дуално образование, како и интердисциплинарни студии со странски универзитети, студентска размена и заеднички проекти. Со новиот Закон за високо образование ова и системски се уредува, изјави Весна Јаневска, министер за образование.

Јаневска побара од бизинис заедницата повеќе да се вклучи во проектот каде  младите ќе можат да се стекнат со пракса во нивните компании. Во спротивно, ќе продолжат да се иселуваат, а фирмите ќе останата без работници.

Иницијатор на идејата за дуално образование беше токму бизнисот, вели престедателот на Комората, Азески. Иднината е да се подготви кадар кој ќе ги задоволи потребите на бизнисот, а истовремено бенефитот за младите е што веднаш ќе најдат работа.

Идејата за дуално обарзоавние ја иницираше Комората во 2007 та година. По десеттина години се воспостави како пилот проект, за денес, според бзинсиот, да покажува успешни резултати. Од вкупно запишани ученици во средно образованите – 70% го бираат стручното, а останатите гимназија. Од бројот на запишани во стручно – 30 отсто го бираат дуалното образование.