Ќе се намалуваат функционерските плати за околу 200 евра
Со исплатата на февруарската плата пратениците, министри, судии ќе добијат за околу 200 евра пониски примања – вакви измени предвидува пакетот од измени на 6 закони кои ги поднесе пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ. Според измените се намалуваат коефициентите во платите на сите јавни функционери. Власта уверува дека со скратената постапка, измените утре ќе ги поминат сите собраниски филтри и почнуваат да се применуваат веднаш.
-Со предложеното намалување на коефициентите, ќе се опфатат платите на јавните функционери – вклучително пратеници, министри, судии, јавни обвинители и членови на судскиот и јавно-обвинителскиот совет. Со овие измени платите ќе се нивелираат, што практично значи дека ќе се намалат во износ од 10.000 до 13.000 денари, а кај одредени позиции ова намалување е дури и поголемо, изјави пратеникот Стојановски.
Со измените освен за пратениците и функционерите во извршната власт, судиите и јавните обвинители, измените предвидуваат пониски коефициенти на плата и за градоначалниците – ќе земаат плата во зависност од бројот на жители.
Но предлогот за минималецот од 600 евра за работиниците,не доби позитивно мислење на првото читање во матичната комисија која донесе заклучок дека законот не е прифатлив и ќе се проследи на пленарна седница на одлучување.
За власта, одлуките за реална минимална плата се носат во влада и на социо-економскиот совет.
На комисиската расправа не помина ниту предлогот наместо во влада, дијалог со работодавачите и работниците да се води во Парламентот каде и се носат законите.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
