Курти: Потребна ни и е брза и коректна примена на договорот со Србија
Премиерот на Косово, Албин Курти вчера изјави дека договорот постигнат во Брисел и „патната карта“ за негова имплементација договорена во Охрид се јавни документи и дека е потребна нивна „точна и брза имплементација“, јави српската агенција БЕТА.
- На 4 април во Брисел ќе се разговара за прашањето за имплементација на веќе договорениот договор. Договор има, договорот постои, јасно е јавен за сите и ни треба негово правилно и брзо спроведување. Затоа ќе биде организиран состанок со главните преговарачи, на кој ќе учествува косовскиот вицепремиер Бесник Бислими, истакна Курти по состанокот организиран од Советот на Европа во Приштина.
Тој наведе дека договорот мора да се имплементира во целост и оти не постои можност дел да се спроведе, а дел, не.
Не треба да го уриваме договорот земајќи ги деловите кои сакаме. Зборот „итно“ е употребен во реченицата што се однесува на исчезнатите односно насилно исчезнатите, посочи Курти.
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце