Македонија
23. јуни 2024 - 19:34

Македонија пред полноќ ќе добие влада

Каде ќе не задолжите со милијарда евра прашуваа денеска пратениците на новата опозиција во Собранието на последниот ден од расправата за изборот на новата Влада

За разлика од вчера, во дебатата во албанскиот политички блок денеска, опозициската ДУИ фокусот го стави на кадровскиот состав во Владата, а таму најмногу им пречеше Иван Стоиљковиќ
Во рамки на дебатата падна и првата јавна понуда за прелет, од коалицијата на ДУИ во коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Првичниот договор меѓу координаторите на пратеничките групи е дебатата да трае до 23 часот а потоа да се прејде на гласање, но утрово се разговарало и за можноста да се гласа околу 21 часот. За да биде избрана, Владата на Мицкоски треба да добие поддршка од најмалку 61 пратеник.