Loading Video...
Кошарка
12. March 2023 - 18:16

МЗТ поразен по гостување кај Мега

Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром претрпе нов пораз во АБА лигата. На гостувањето во Белград сино-белите се совладани од екипата на Мега со 93-86.

Аеродромци добро го започнаа натпреварот и веќе на стартот на вториот период има и највисоки +8 (32-26). Но. во продолжението подзастанаа и му дозволија на противникот да ја презеде контролата над играта па на полувреме Мега замина со +6 (48-42).

серијата тројки во третиот приод му донесоа на домашниот тим и +14 (76-62), но МЗТ со серија од 9-0 се врати во игра (76-71). Немаа доволно сили аеродромци за комплетен резултатски пресврт па загубија со 93-86.

Во редовите на МЗТ најефикасен беше Кефи кој постигна 18 поени, еден повеќе од Кафу, додека Кук средбата ја заврши со 15 поени.

За МЗТ ова беше 16-тиот пораз со кој останува на дното на табелата, со еден помалку од Морнар (кој има средба помалку), односно два помалку од Борац кој е 12-ти.

Во следното 21.коло, македонскиот шампион, МЗТ Скопје Аеродром ќе игра на домашен терен против Игокеа во дуелот закажа за во сабота (18 март) со почеток од 17 часот.