Loading Video...
Кошарка
23. September 2023 - 19:53

Женскиот суперкуп за Баскет Кам

Кошаркарките на Баскет Кам триуфмираа во женскиот кошаркарски суперкуп откако убедливо го совладаа тимот на МЗТ Скопје Аеродром со 102-52. 
Актуелниот шампион на Македонија ја оправда улогата на фаворит на овој натпревар и доминираше  од самиот почеток на  Суперкупот Драган Василов – Цевка. 
Ова е втора титула во суперкупот на кошаркарите од Македонска Каменица кои му се реваншираа на МЗТ СКопје за поразот во куп – финалето. 
Предноста за Баскет Кам растеше од самиот почеток на средбата и  до крајот на првото полувреме изнесуваше 59-26. 
Во вториот дел доминацијата на шампионките продолжи  што донесе на крајот убедлива победа од 102-52. 
Димова беше најефикасна кај победникот со 25 поени додека Адамовска забележа 20. 
На спротивната страна се истакна Митева која постигна 29 поени. 
Во овие моменти се игра машкиот Супер Куп помеѓу МЗТ СКопје и Феникс.