Македонија
23. јуни 2024 - 16:40

На Очна Клиника за прв пат операција во едно - и на катаракта и на глауком

Кај илјадници пациенти кои одат на Очна за проверка на перде, офталмолозите случајно им откриваат и очен пристисок кој е втора причина за слепило во светот. Глаукомот е тивок крадец на видот и затоа лекарите бараат неговото мерење да биде задолжителна обврска во систематските прегледи. Оваа болест која на почетокот не дава никакви симптоми може да биде решена и со хируршка интервенција. На клиниката за очни болести оваа недела за прв пат направија комбинирана операција во едно кај пациент кој има катаракта но и глауком.

-Се поголем е бројот на пациенти кои се јавуваат за операција на катаракта и случано се открива глауком кој најчесто е нерегулиран. Има голем број пациенти кои имаат потреба од овој зафат и се надевам ќе го воведеме на клиниката и рутински во следниот период, вели д-р Ирина Богданова, офталмолог од Клиника за очни болести.

Глаукомот е хронична и прогресивна болест на очите а офталмолозите алармираат дека е загрижувачки што вроден очен притисок дијагностицираат и кај деца.

-Некаде околу 50 до 70 операции на глауком годишно се потребни, но нивниот број се повеќе расте. Во последно време се откриени доста глаукоми кај деца, конгенитални, што е исто така аларманнтна бројка од 5 откриени случаи во две недели кај нас, затоа треба да се обрни сериозно внимание за ова заболување, вели д-р Богданова.

За разлика од глаукомот, околу 8000 пациенти годишно имаат потреба од операција на катаракта или перде на очите и повеќе од половината ги прават на Клиниката за очни болести.

Офталмолозите со апел – не проверка на очите кога нешто ве боли туку и годишни скринизни за рано откривање на одредени заболувања.