На СОС телефонот побарана помош за 111 деца

Прекршување на правата на децата при бракоразводни постапки, семејното насилство и питачењето, односно искористувањето на детскиот труд се најчести форми на прекршување на детските права пријавени на СОС телефонот за деца и млади минатата година, изјави на денешната прес-конференција директорот на Првата детска амбасада во светот Меѓаши Драги Змијанац.
На СОС телефонот во перидот јануари-декември 2016 година се регистрирани 82 контакти за вкупно 111 деца жртви или потенцијални жртви каде постои сомневање за можно кршење на детските права и за кои е потребна одредена помош.
- Најкарактеристични се податоците за 33 деца кои биле потенцијални жртви на прекршување на правото при бракоразводна постапка. Имаме 21 пријава за деца кои се пожалиле дека се потенцијални жртви на семејно насилство. Во дадениот период имаме 11 дојави за деца кои питачаи и се жртви на експлоатација на нивниот труд, рече Змијанац.
Посочи дека на кршењето на правото на децата при бракоразводна постапка се повторува неколку години наназад и затоа тие ја поддржале иницијативата на неколку родители за одговорно и заедничко родителство по развод, сметајќи дека е многу важно да се даде приоритет и фокус на детето при бракоразводните постапки.
Координаторот на СОС детскиот телефон Ангела Маневска рече дека од вкупно 82 јавувачи, само 5 се деца, а останатите 77 се возрасни лица од кои 3 анонимни и 4 правни лица.
- Според возраста на децата чии права се прекршени 46 се на возраст од 6 до 16 години. Од 0 до 5 години има 16 деца, од 14 до 18 има 12, а за 37 деца возраста е непозната. Според етничката припадност од македонска се 54, албанска 3, ромска 7 и непозната за 47 деца. Според нивниот пол машки се 42, женски 37, а непознато е за 32 деца жртви, рече Маневска.
Посочи дека во овој период има информации за 6 деца за кои постои сомнеж за сексуална злоупотреба од страна на близок или познаник на детето, а загрижувачки е тоа што оваа година според податоците на Детската амбасада Меѓаши постои и сомнеж за сексуална злоупотреба од страна на малолетни деца.
Директорот на МЕЃАШИ, исто така, повика за помош од операторите за хармонизација на СОС телефонот за деца и млади 0800 1 22 22 со европскиот шестцифрен број за помош и поддршка на деца и млади 116 111 и бројот 116 000.
Во текот на 2016 година сервисот за директна помош и материјална поддршка го искористиле 138 граѓани што живеат на работ на сиромаштија и се имаат 475 пати обратено и добиени помош од Детската амбасада Меѓаши.
СОС телефонот за деца и млади функционира 23 години и досега на него се регистрирани вкупно 20.537 повици.
Ново на Сител
-

МВР: Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило
-

Четири лица се лишени од слобода, седум пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

Нападнат француски брод во Ормуската Теснина, има повредени
-

Рокас: Северна Македонија припаѓа на европското семејство и сме поблизу до таа цел отколку што мислиме, потребен е прагматизам и обединување
-

Божиновска: Денес отвораме нова фаза за македонската енергетика, Пазарот во тековниот ден е сигурносен вентил на нашиот систем
-

Царинска управа: Лишени од слобода три лица, меѓу кои и сопственичка на салон за убавина за криумчарење на медицински препарати
-

ЈО: Побарана подготвителна постапка за четири малолетнички за насилството врз 13-годишно девојче во Ѓорче Петров
-

Мицкоски: Владата постојано работи на унапредување на електроенергетскиот систем
