Loading Video...
Кошарка
3. December 2018 - 14:12
По триумфот над Косово, македонските кошаркари најавуваат победа и против Романија
Македонските кошаркари ја остварија целта, победа над Косови и максимален учинок по трите одиграни натпревари во претквалификациите за ЕП 2021 г.
Македонија останува прво рангирана во Б претквалификациската група за Евробаскетот 2021 година.
Двете победи над Косово и една над Романија ги зацврсти црвено-жолтите на првата позиција во пресрет на последните два меча од овој квалификациски прозорец.
Калкулациите велат дека и со евентуален пораз во следниот меч на гости кај Романија и тоа со не повеќе од 14 разлика, Македонија ќе заврши на првото место, без разлика на последниот дуел меѓу отпишаниот Косово и Романија.
Но, нашите репрезентативци и селекторот Давитков веруваат дека циклусот ќе го завршат победнички.
„Сега имаме скор 3-0, се надевам дека во февруари ќе го завериме пласманот во квалификациите. Во Романија ќе одиме на победа, иако и со пораз можеме да се пласираме понатаму.“, изјави Давитков по натпреварот со Косово.
Последниот претквалификациски меч Македонија ќе го одигра на 21 февруари во Романија.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->