Loading Video...
Кошарка
30. November 2019 - 15:26
Јуниорите на МЗТ Скопје А. пред пласман на „Фајнал-форот“ во АБА лигата
Јуниорскиот тим (до 19 години) на МЗТ Скопје Аеродром е пред пласман на „Фајнал-форот“ во младинската АБА лига.
Аеродромци денеска го победија словенечкиот претставник Цедевита Олимпија со 82-70 и стигнаа до третата победа на полуфиналниот турнир што се одржува во Задар.
Никола Кацарски оствари дабл-дабл ефект од 21 поен и 16 скока, а двоцифрен број на поени имаа и Дарио Митевски 18, Виктор Исајловски 13 и Андреј Андоноски 10 поени.
Со ефект од 3 победи и 1 пораз сино-белите, сега го очекуваат исходот од вечерашниот меч меѓу домаќинот Задар и Копер Приморска.
Доколку Задар победи тогаш МЗТ Скопје ќе го осигура својот пласман на „Фајнал-форот“, а доколку домаќините загубат, за место меѓу четирите најдобри во регионот јуниорите на МЗТ Скопје А. утре од 11:45 часот ќе се борат со словенечката екипа Копер Приморска
-
Игор Tрпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->