Претседателот на Европскиот совет в петок во Скопје
Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел в петок ќе допатува во посета на Македонија, потврдија за МИА високи дипломатски извори од Брисел. Тој во Скопје ќе допатува од Тирана, каде што исто така ќе оствари средби со албански претставници.
Мишел ќе оствари средби со високи претставници на земјава, на кои се очекува да се разговара за новата методологија на преговарање, како и за текот на реформскиот процес во земјава.
Претседателот на Европскиот совет, пред околу еден месец во интервју за неколку европски весници, оцени дека до мај, кога ќе биде одржан Самитот ЕУ-Балкан во Загреб, треба да биде јасно како ќе изгледа реформата на ЕУ и дали тоа би било формален услов за согласност за Унијата да ги почне преговорите со Македонија и Албанија.
Посетата на првиот човек на Европскиот совет, доаѓа десетина дена откако во Скопје допатува еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување Оливер Вархеји, кој ја потврди европската перспектива за Западен Балкан и најави дека повторно ќе биде побаран почеток на преговори за Македонија, за што ќе одлучува Советот во март. Вархеји, исто така, потенцираше дека добар сигнал за Европската Унија ќе биде и доколку законот за Јавно обвинителство биде донесен пред распуштањето на Собранието во февруари.
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска рече дека Хрватска на Самитот во Загреб во мај годинава ќе посвети особено внимание на деблокирање на почеток на пристапните преговори со Македонија и Албанија.
Како што минатата недела изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, овие шест месеци ќе бидат клучни за односите меѓу ЕУ и Западен Балкан и најави дека ЕК до крајот на месецот се очекува да излезе со новата методологија за проширување.
Ново на Сител
-
Во Кавадарци одземено возило поради создавање бучава
-
Руте повика на нормализација на односите со Русија по завршувањето на војната во Украина
-
Николоски: Бугарија испрати јасна политичка порака за железничкиот Коридор 8
-
Без вода утре селата Батинци и Љубош
-
Инвестиција во милијарди евра во инфраструктурата и здравството, најави Мицкоски
-
Односите со САД се на ултра високо ниво, да не избрзуваме со заклучоци поврзани со визата на Лимани, изјави премиерот
-
Нетанјаху ги обвини поранешниот и актуелниот шеф на безбедносната служба „Шин Бет“ за организирање уцена
-
Во февруари 366 лица со овчи сипаници, 68 случаи на шуга и три на заразни заушки