Кошарка
12. November 2020 - 17:54
Очекуван пораз на македонските кошаркарки од Хрватска
Нов убедлив пораз на женската македонска кошаркарска репрезентација.
Во рамките од 3.коло на квалификациската И група, чии средби се играат во така-наречен „балон“ и тоа во Рига, Летонија, нашите кошаркарки се поразени од Хрватска со 18 поени разлика 80-62
Новото американското засилување Девона Бонер, беше најефикасна во нашиот табор, а средбата ја заврши со 20 поени, 17 скокови и 7 асистенции.
Двоцифрени број поени постигнаа и Анџела Митрашиновиќ 15 и Нена Трајчевска 10.
Во нашата група попладнево ќе играат домаќинот Летонија и селекцијата на Германија против која нашите кошаркарки ќе играат во сабота.
-->
-->