РЕХАУ Македонија прослави 25 години успешно работење, отворени вратите на новиот салон во Илинден
Со отворање на нов деловен простор во близина на Илинден, компанијата Рехау Македонија прослави 25 години деловно работење. Салонот со модернистичко уредување овозможува претставување на асортиманот на РЕХАУ, како и на визуелно запознавање со решенија за прозорци и врати, решенија за мебел, како и за градежни и домашни инсталации.
Со над 22.000 вработени на 190 локации во 54 земји низ целиот свет, Групацијата РЕХАУ е еден од глобалните премиум брендови за решенија кои се засноваат на полимери во градежниот, автомобилскиот и индустрискиот сектор ширум светот. Оваа компанија е присутна на македонскиот пазар со полимерни решенија за градежната и индустријата за мебел.
Изложбениот салон и деловниот објект се круната на четвртина век успешно работење на РЕХАУ во Македонија, но и своевидно одбележување на 75 годишнината од основањето на германската компанија РЕХАУ, која брендот ја прославува годинава.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар