Собранието изгласа недоверба на 5 члена на Судски
Собранието им изгласа недоверба на Дамева, Црвенковска, Адеми, Чочарова – Илиевски и Мустафа – 5-те члена на Судскиот совет што ги избира парламентот. Најбрзите интерпелации во историјата на законодавниот дом поминаа со гласовите на владејачката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ, но и на опозициската Левица. СДСМ и ДУИ, пак, откако ги искажаа своите аргументи ја напуштија собраниската сала.
Покрај изгласаната недоверба пратениците изгласаа и заклучоци со кои се утврува дека овие членови ја загрозиле независноста на судството и се одговорни за падот на довербата на граѓаните во него. Во заклучоците стои и дека тие го губат легитимитетот да учествуваат и одлучуваат во работата на Советот.
За власта интерпелациите се оправдани, прв чекор за реформи. За опозицијата тие се неуставни и директен упад во судскиот систем и удар на уставниот поредок.
ДУИ пак, иако не се согласува со гласањето недоверба, најавува дека овие интерпелации ќе ги искористи за да поднесе интерпелации за уставните судии.
Иако имаа право да учествуваат во денешната расправа во парламентот од 5-те члена на Судски се појави само Дамева.
Изгласаната недоверба за членовите не значи и нивно разрешување. Власта се надева на оставки по ваквиот чин, токму затоа заклучоците по изгласаните интереплации ќе бидат испратени и до претседателката Силјановска Давкова, но и до самиот Судски совет.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар