Објавена снимка од масовната тепачка на најголемите гробишта во Европа
Масовна тепачка на околу 400 луѓе на најголемите гробишта во Европа е снимена со камери од обезбедувањето.
Камерите на московските гробишта Хованској снимиле голема група луѓе кои прво се подготвувале за судир, а потоа и се судриле. На снимката се гледаат неколку вооружени луѓе со автоматско оружје, па се претпоставува дека тие се виновни за смртта на две лица.
Извештаите на медиумите и полицијата за овој настан не се поклопуваат, руските власти истакнуваат дека во тепачката учествувале околу 200 лица и дека има тројца загинати, додека руската агенција Тасс навела дека се судриле дури 400 лица и дека двајца мажи настрадале.
Полицијата соопштила дека уапсила 90 лица осомничени за тепачката во која се повредени 25 лица. Се верува дека судирот настанал помеѓу мигрантските групи кои работат на гробиштата, околу тоа кој ќе биде надлежен за поделба на работата на гробиштата со површина од 200 хектари и околу милион гробови.\
Ново на Сител
-
Роналдо на врвот на листата на најплатени спортисти во 2024 година во изборот на Спортико
-
Шефот на НАТО: На Украина никогаш не и било ветено членство
-
Зеленски: Нема да прифатиме договори меѓу САД и Русија без учество на Украина
-
Кривична против две лица од Скопје, обид за убиство
-
Кривична против сопственик на угостителски објект во Струга, сомнение за кражба на електрична енергија
-
15-годишно девојче пријавено за исчезнато
-
Бојкотите продолжуваат: Драматично зголемување на цените на храната во ЕУ и Западен Балкан
-
Шолц: Нема милост за уапсениот за нападот во Минхен, тој мора да ја напушти земјата