Свет
2. September 2016 - 11:21

Почина претседателот на Узбекистан Ислам Каримов, тврдат дипломатски извори

Узбекистанскиот претседател Ислам Каримов почина на 78-годишна возраст, пренесе британските медиуми, повикувајќи се на три дипломатски извора.

-Да,тој е мртов, изјави еден од анонимните извори, запрашан за состојбата на  Каримов, кој од саботата беше во болница заради доживеан инфаркт.

Претходно денеска беше соопштено дека Каримов се наоѓа во критична состојба и дека претседателот на Казахстан, Нурсултан Назарбаев, има намера да го посети во болницата