Нови три случаи на коронавирус во Малешевијата
Нови случаи на коронавирус во Малешевијата. Откако вчера беше регистриран еден оздравен пациент од Ковид-19, во Берово денеска, по пауза од една недела, регистрирани се три нови случаи на коронавирус. Од беровскиот здравствен дом апелираат на смиреност меѓу населението и почитување на мерките во насока на заштита од понатамошно ширење на вирусот.
– Ова е уште еден доказ дека вирусот не исчезнал, туку напротив е тука и мора да се внимава на почитување на мерките за негова заштита. Сведоци сме дека во екот на туристичката сезона има зголемена фреквентност во градот што е причина плус повеќе да се внимава на личната заштита, информираа од беровскиот здравствен дом.
Заради новата ситуација со вирусот во Берово закажана е нова средба на кризниот штаб, на кој ќе бидат дефинирани нови насоки за понатамошно делување во случај на ескалирање на ситуацијата.
– Во таа насока ќе продолжиме со дополнителни мерки на заштита, меѓу кои и вонредна дезинфекција на улиците, како и други мерки кои ќе придонесат за да не се шири вирусот, додадоа надлежните.
Во Берово во моментот има четири активни случаи на коронавирус. Во соседната општина Пехчево веќе еден месец нови случаи на Ковид-19 не се забележани.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи