Новогодишна елка ќе има, плоштадот ќе се украсува од понеделник
Загреб, Прага, Рим, Минхен, Стразбур вака изгледаат европските метрополи во пресрет на новогодишните и божиќни празници. Европските престолнини се во полн сјај уште од пред почетокот на декември, а атмосферата дополнително ја надополнуваат со познатите божиќни маркети кои се туристичка атракција. На скопскиот плоштад се уште нема ниту елка.
Поставени се куќички на кои треба да се продаваат слатки,бонбони,украси но не се во функција. Од Град Скопје велат до средина на овој месец градот ќе биде украсен.
-До 15ти декември целосно ќе бидат завршени сите активности. На тој ден, Град Скопје ќе организира настан на кој, заедно со голем број дечиња и жители на главниот град, официјално ќе го осветлиме плоштадот „Македонија“. Очекувајте убава атмосфера и многу забава за сите генерации.
Најавија и новогодишна прослава со домашни изведувачи. На плоштадот на 31 декември ќе настапат Каролина Гочева, Тамара Тодевска, фолклорни групи и забавна програма за деца. Деталите за програмата се уште не се познати.
Граѓаните се надеваат дека Скопје ќе добие новогодишна атмосфера како што му доликува на главен град.
Елка има, но на територија на О. Центар на улицата која води до плоштадот. Од општината најавија посебна прослава за Нова Година, како што организирале последните неколку години.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
