Отворање на леарницата на „Кранфилд Фаундри“
Леарницата на компанијата „Крaнфилд Фаундри“ во новата индустриска зона Неокази во Пробиштип официјално почнува со работа. Во леарницата треба по европски еколошки стандарди и со високо-автоматизирана технологија да се леат делови за автомобилската индустрија.
Инвестицијата е околу 15 милиони евра, а се очекува етапно вработување на околу 300 лица. Во првата фаза е предвидено вработување на 150 лица, од кои 50 работни места се за лица со високо образование.
Леарницата се простира на површина од околу осум хектари, а се состои од производствен погон и административна зграда на вкупно 15 илјади метри квадратни.
На официјалното отворање на леарницата најавено е обраќање на премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерката за странски инвестиции Зорица Апостолска.
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце