-->
-->
Пет лица тешко ранети во пукање во Луизијана
-->
Пет лица се примени во болница откако биле тешко ранети при пукање во продавница за алкохол во Шревепорт, во американската сојузна држава Луизијана, соопшти синоќа телевизискиот канал КСЛА, партнерски поврзан со телевизијата Си-Би-Ес.
Засега не е познато кој е одговорен за пукањето.
Локалните власти јавуваат дека хоспитализираните лица имаат повреди опасни по животот.
Четири од нив биле надвор од продавницата за алкохол, на авенијата Херн, во Шревепорт, додека едно лице било во продавницата кога се случило пукањето, се наведува во извештајот на полицијата.
Единаесет полициски единици пристигнале на местото на инцидентот, што се случил околу 21 часот по локално време синоќа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце