Македонија
24. September 2026 - 16:44

Пратенички прашања во Собранието

По две недели од завршувањето на прославата за 8ми септември, СДСМ од бара детален отчет за потрошените милионски суми. На седницата за пратенички прашања побараа точни одговори од министерството за финасии , како била донесена одлуката за настапот на Дејвид Гета за неколку дена, но и колку данок е платено за манифестациите. Владата со одговор дека се горди на организацијата и целата постапка била транспарентна. 

Опозицијата остро реагира за отсуството на премиерот од седницата за пратенички прашања. Непојавувањето во Собранието за нив било сериозно прекршување на Деловникот и непочитување на пратениците. 

Албанската опозиција фокусот го стави на правичната застапеност, обвинија за свесно намалување на бројот на албанци ученици во средното полициско училиште. Ресорниот министер Тошковски им возврати дека етничката припадност не е важна, туку интересот кај учениците албанци бил многу мал. 

Во фокусот на пратеничките прашња резервирани за последниот четврток во неделата во фокусот беа ставени дата центрите, состојбата со демографијата и инвестициите во образованието.