Празнична акција на фондација Елеуса, поделени над 200 хуманитарни пакети за семејства во социјален ризик
Во пресрет на големиот христијански празник Божиќ фондацијата Елеуса реализираше голема празнична хуманитарна акција. Под мотото,,Љубовта е давање, а давањето е радост'' околу 200 семејства во социјален ризик од Струмичката православна епархија добија хуманитани пакети со основните намирници. Се работи за традиционална акција која има за цел ниту едно семејство од регионот да не остане без пристојна трпеза за време на празниците. Освен граѓаните и општествено одговорните компании, годинава во акцијата се вклучија и учениците и вработените од средните општински училишта.
Хуманата мисија на Елеуса продолжува и за Бадник кога на плоштадот во Струмица ќе биде организиран традиционалниот Бадникарскиот концерт. Сите средства што ќе бидат собрани за време на овој настан повторно се наменети за донација и помош на некој кој има потреба од тоа.
Годинава бадникаркиот концерт ќе биде со рекорден број учесници. Според највата во програмата ќе настапат 200 деца од предшколска возраст па се до девелеттолетка.
-
Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар